Македонија

ДИК – Не сме надлежни да одлучуваме за спорниот началник на СВР Скопје

Државната изборна комисија се прогласи за ненадлежна во врска со спорот околу назначувањето на прв човек на СВР Скопје.

Со едногласна одлука членовите на ДИК констатираа дека не станува збор за прашање поврзано со правни финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите.

Со оваа одлука ДИК практично утврди дека именувањето на Ристо Ставревски за нов началник на СВР Скопје потпишана од техничкиот министер Чулев е легална.

„Заклучуваме дека овој документ не е акт кој се занимава со финансиски и кадровски работи за организирање на избори регулирани со законот за влада член 46 став 3 од законот за влада“, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Денешната седница на ДИК е по барање на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, за мислење во врска со одлуката за назначувањето на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје. Одлуката не беше потпишана од дополнителната заменик-министерка во МВР Славјанка Петровска.

фото: Архива

На почеток