fbpx
нед. Јул 5th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Министерот Наќе Чулев се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ

Денеска, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ амбасадор Клеменс Која. На средбата, амбасадорот Која беше запознат со заложбите на министерството за внатрешни работи за организирањето фер и демократски избори и активностите на полицијата во таа насока.

Министерот Чулев побара поддршка од ОБСЕ Мисијата особено за одржувањето обуки за новите полициски службеници кои за прв пат во својата служба ќе се соочат со работни задачи поврзани со изборниот процес. Двајцата соговорници договорија континуирана комуникација и интензивирање на меѓусебната соработка со цел успешна имплементација на активностите поврзани со претстојните парламентарни избори.

фото: МВР