вто. Јан 14th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Седумнаесетгодишна девојка загина а двајца се повредени во сообраќајка кај Миладиновци

На 14.01.2020 во 01.30 часот на крстосницата од ул.„2“ и ул.„10“ во с.Миладиновци и локален пат за с.Бујковци, кај железничката пруга, патничко возило „цитроен ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од Куманово, излетало од коловозот. На местото на незгодата починала 17 – годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т.П.(19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

фото: Архива

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com