Магазин

(ВИДЕО) Ја победи леукемијата, другарчињата го дочакаа како вистински херој

Шестгодишниот Џон Оливер, дете херој. Тој пред два дена се врати на училиште, после повеќегодишна борба со леукемијата. Другарчињата и сите вработени во училиштето го дочекаа со аплаузи и овации.

Неговите родители раскажаа дека овие три години колку што се борел со болеста, не биле ни малку лесни, но дека тој сега се чувствува добро.

„Не можеше да се движи, ниту да има било каква физичка активност. Беше како во меур, но сега е готово. Возбудени сме и со радост гледаме на иднината“.

Инаку, на Џон на 1 ноември 2016 година, му била дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија и оттогаш постојано бил под хемотерапија која го спречувала да ужива во детството. Последната ја примил за време на празниците, а со тоа завршува ова за него и неговото семејство тешко поглавје.

Пречекот од неговите другари е нешто што ќе ви разбуди емоции!

фото: CBS News

 

На почеток