Македонија

Трајковски утре на рочиште за „ТНТ“ ќе биде донесен со полиција

Тони Трајковски утре на судење во кривичниот суд ќе биде спроведен со полиција. Тој и денеска не се појави на судењето за ТНТ. Адвокат Јовица Страшевски истакна дека Трајсковски  не добил покана, на што судијата Огнен Ставрев рече дека судот се обидел преку судски курир да му достави покана.

„Имам известување од судскиот курир дека никој не сака да му отвори врата“, рече Ставрев.

Адвокатот по ова во изјава за медиумите рече дека неговиот клиент има доставено до судот две адреси, една според лична карта и друга според место на престојувалиште.

фото: Архива

To Top