Слајдер

Лазаров: „Заслужуваме критика, но сепак капа до под за сите Македонци кои не бодреа“

Македонската ракометна репрезентација доживеа дебакл против Австрија во последниот меч од групната фаза, загубивме со 32:28 и го завршивме настапот на Европското првенство. Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров им се извини на навивачите по дебаклот. Тој изјави:

„Треба со ладна глава да ги анализираме работите и што се вика да почнеме од почеток. Реков и порано, можеме да играме со Австрија, но денес одигравме под нашето ниво. Го разбранивме нивниот голман и тоа беше пресудно.

Морам да признам дека не изненадија со „фластер“ на мене, лесно е да се каже каде е грешката, но ние разочаравме со игрите.Имавме одлична група, секој со секого можеше да се надигрува, ние бевме и благи фаворити, па поради тоа ова е разочарувачки.

Големо богатство е да се има толкава поддршка во туѓа земја. За крај би им се заблагодарил на сите македонски навивачи. Заслужуваме секаква критика и остануваме должни до наредниот пат. Капа до под за сите Македонци кои не бодреа, го почувствувавме тоа“ , изјави Лазаров.

На почеток