Актуелно

(Видео) Авион испушти гориво над неколку училишта во Лос Анџелес

Патнички авион испушти големо количество гориво над неколку училишта додека се обидувал итно да слета на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, пренесе Би-би-си.

Во инцидентот најмалку 60 луѓе биле хоспитализирани, од нив повеќето биле деца.  Тие имале иритација на кожата и проблеми со дишењето.

Според воздухопловните правила, горивото може да се испушти при итни слетувања, но само преку одредени подрачја и на голема надморска височина.

На почеток