Македонија

(ВИДЕО) Медицинскиот факултет во Штип искористен за интернет измама – не постои

Медицинскиот факултет во Штип се користи за интернет измама. Ова е одговор на надлежните од Универзитетот Гоце Делчев по појавата на написи во интернет пространството каде во промоција на медицински препарати потенцијално се користи авторитетот на институцијата.

Во текст се споменува студентска генијалност за која не слушнале ниту просечно информираните. Потоа се споменува Штип, па меѓународна завера и енормни суми на пари, објави ТВ Стар.

Се вади цитат од текстот… Цел свет зборува за тоа, На 6 јануари македонскиот студент вундеркинд ја доби наградата Екселенс Ауард во сферата на здравството по објавувањето на методиката за лечење на зглобови што ке спаси милиони животи…

На крајот, подолгиот текст завршува со понуда за купување чудотворен лек во вредност од триесеттина евра со што сите сомнежи за измама се заокружуваат во нелогична и нивна приказна.

Сепак, генијалниот Иван Костовски како таков на штипскиот универзитет на постои . Ова е и предупредување до сите грагани дека едноставно можат да бидат измамени за посочениот износ бидејки ако не постои Иван Костовси тогаш не постои ниту генијалност ниту пак лек кој чудотворно ке ги излечи вашите проблеми со зглобовите.

Целата сторија проследете ја на ТВ Стар

На почеток