fbpx
вто. Авг 4th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Пазарџиите бараат средба со Богдановиќ, тој вели: Не знаеме со кого ќе преговараме

Пазарџиите од  општина Центар протестираа трет ден, поради поскапениот пакинг.  Тие бараат средба со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и со  директорот на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, Васко Кичевски. Градоначалникот пак Богдановиќ вели дека не знае со кого треба да се сретне:

– Ние не можеме да договориме средба. Како прво, не знаеме со кого ќе преговараме. Дали е тоа здружение или… Треба нивни претставници да се обратат до Општина Центар и да поднесат барање, па макар и да е рачно напишано. А, досега не сме добиле такво. Во јавноста се зборува дека не сме сакале да имаме средба. Во овие две години откако сум градоначалник имаме одговорено и примено илјадници луѓе. Општина Центар е најтранспарентна општина и немаме проблем да разговараме со граѓани или здруженија, вклучувајќи ги и пазарџиите – изјави Богдановиќ.

Пазарџиите пак велат дека нема да се откажат од нивните барања. Тие повикуваат надлежните да не си играат со нивниот леб и да го решат нивниот проблем.

фото:Архива