Македонија

Фокус: Студентот Димитар од Неготино ги обедини младите со хуманост, се гради дом за Најдови

Кога пред една година младиот студент од Неготино, Димитар Аврамов јавно го претстави својот проект Хуманитарен маратон – Неготино се буди, серија од настани кои ги организираше во градот, со цел да се соберат средства за семејството Најдови од село Долни Дисан, тој ја доби поддршката од јавноста, објави Фокус.мк.

Неговата искрена желба да му се помогне на семејството, кое со години наназад е едно од најзагрозените во неготинско, и конечно да добијат дом, бидејќи живеат во разурнат објект, беше дочекана со позитивни коментари, илјадници допаѓања на социјалните мрежи, споделувања и ветувања дека голем број на општествено одговорни компании и хумани граѓани ќе се вклучат во акцијата.

Денес, една година откако младиот хуманист ја покрена акцијата, со намера во дворот на Најдови да се изгради мал дом, каде ќе можат да имаат достоинствен живот, иако тешко, нештата се придвижуваат напред.

Семејството составено од мајката која е лице со блага ментална попреченост, таткото и синот, се уште живеат во разурнатиот објект без никакви услови, но во нивниот двор веќе се гради куќата која Димитар им ја вети.
Како што раскажува Аврамов, собирањето на донациите одело тешко. На сметката биле собрани околу 82.000 денари, средства со кои започнала изградбата на куќата. Сепак, голем број на хумани граѓани се понудиле да помогнат и да извршуваат дел од градежните работи без надомест, а се јавиле и неколку компании од градот кои донирале градежни материјали, објави Фокус.мк.

Текстот во целост на: Фокус.мк

фото: Фокус.мк

 

 

На почеток