Македонија

Судар помеѓу пет возила, затворен за сообраќај автопатот Велес – Скопје

АМСМ информира дека на автопатот Велес-Скопје, кај местото викано Кула, се случила сообраќајна несреќа помеѓу повеќе возила. Автопатот Велес – Скопје е целосно затворен за сообраќај.

Несреќата се случила околу 8 часот и во неа се судриле пет  патнички  автомобили.

Засега нема информации дали има повредени лица во несреќата.

фото: Архива

На почеток