Македонија

Почина судијата Билески- поради чија лустрација беше осомничен пратеникот Милошоски

Викендот во Кичево е погребан поранешниот судија Драги Билески кој беше лустриран за што подоцна СЈО во предметот „Моќник“ го осомничи пратеникот Антонио Милошоски, објави телевизија Телма. Билески во 2005-та бил и дел од судскиот свет што на доживотна казна затвор за двојно убиство ги осуди Анте Ристески и Игор Мирчески, иако ДНК анализата ги ослободувала од вина за убиство на една жена, кое подоцна е поврзано со мистериозно самоубиениот новинар Владо Танески.

Билески беше лустриран во процесот на лустрација, но ја доби државата на Европскиот суд за човекови права затоа што не му била овозможена фер постапка и не биле земени во предвид доказите кои се во негова полза.

Потоа беа поништени македонските одлуки во управните постапки кои претходно Билески ги изгубил. За одлуките бил известен и Судскиот совет кој откако ќе добие барање ќе можеше да ја укине претходната одлука за разрешување на Билески. Обвинителството не отвори истрага против 6-те управни судијки кои не ги прифатиле доказите на Билески и ја потврдиле лустрацијата. За три судијки застарело делото, а за трите од Вишиот управен суд немало дело, одлучи обвинителството.

фото: Телма.мк

На почеток