fbpx
саб. Авг 1st, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ФОТО) Претседателот Пендаровски прими студенти од универзитетот УМЕФ од Женева

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими група студенти од универзитетот УМЕФ од Женева, Швајцарија, кои престојуваат на студиска посета на универзитетот ФОН во Скопје.

Посакувајќи им добредојде, претседателот Пендаровски ја претстави работата на институцијата, неговите права и должности во внатрешната и надворешната политика и улогата на Претседателот во рамки на поделбата на власта во државата.

Претседателот Пендаровски пред студентите, кои доаѓаат од факултетите за економија и за политички науки и дипломатија, ја претстави поставеноста на властите во Северна Македонија, нивните главни ингеренции, како и спецификите на политичкиот систем во државата.

На средбата претседателот Пендаровски ги запозна студентите со главните стратешките цели на државата, дефинирани уште од прогласувањето на нејзината независност, а тоа се членството во Европската унија и во НАТО. Унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка, истакна претседателот Пендаровски пред студентите, се исто така меѓу клучните цели на надворешната политика на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски ги запозна студентите од Швајцарија со реализацијата на неколку негови проекти, меѓу кои и Отворен Кабинет, како и за заложбите за носење и реализирање соодветни програми и политики за унапредување на положбата на младите и обезбедување на перспективи во нивната сопствена држава.

Студентите го информираа претседателот Пендаровски за целта на нивната студиска посета и активностите за време на нивниот престој во Скопје.

фото: Кабинет на Претседател