Македонија

Таравари за ТВ24: Не верувам дека ќе успеат да го променат договорот од Преспа

Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во вечерашната дебата на ТВ24 изјави дека доколку и доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт нема никакви шанси да биде поништен Преспанскиот договор.

-Не верувам дека ќе успеат да го променат договорот од Преспа, тоа го говорат само од пропагандистички причини сега пред изборите. Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ колку што знам е европски настроено, не може да го сменат Уставот, не можат без бадентерово мнозинство ни една албанска партија која јас ја познавам нема да гласа за тоа. Единствено ако не излезе некоја нова партија, но не верувам, истакна Таравари.

Што се однесува до тоа какви се  шансите опозициските партии на Албанците да се обединат? Таравари вели дека за трипартитна коалиција – Алијанса, Беса и Алтернатива заинтересирани се релевантни фактори од Косово и Албанија. Според него целтта на ваквиот интерес е ДУИ да се симне од власта.

фото: Архива

На почеток