Скопје

Во грабежот од НЛБ Банка одземени се 8.700 евра

По вооружениот грабеж што утринава се случи во експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров, уште еднаш потврдуваме дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.

Во текот на истрагата е утврдено дека со грабежот се одземени 8.700 евра.

НЛБ Банка континуирано работи на подобрувањето и зголемувањето на безбедносните и сигурносни стандарди во работењето, со цел заштита на своите клиенти и вработени. Како резултат на веќе имплементираниот сет на безбедносни мерки, во овој настан сторителите биле спречени да направат поголема материјална штета.

Експозитурата во Ѓорче Петров ќе продолжи со редовно работно време од понеделник 20.01.2020 година.

НЛБ Банка и понатаму соработува со надлежните институции со цел случајот да добие ефикасно разрешување, се вели во соопштението од НЛБ Банка АД Скопје.

На почеток