Македонија

„Политика“: Груевски побегнал преку Албанија, па со авион до Будимпешта

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски со лажен пасош ноќта ја преминал македонско-албанската граница и илегално стигнал до Тирана, каде бил прифатен во унгарската Амбасада. Со првиот утрински лет на компанијата „Малев“ тој директно од Тирана пристигнал во Будимпешта, пишува белградскиот весник „Политика“.

Добивајќи информација од своите соработници во системот на власта дека полицијата се подготвува да го уапси, Груевски со лажен пасош ноќта ја преминал македонско-албанската граница и илегално стигнал во Тирана. Таму бил прифатен во Амбасадата на Унгарија, а потоа со првиот утрински лет на унгарската компанија „Малев“ тој од Тирана пристигнал во Будимпешта. Екипажот на авионот воопшто не знаел кој е патникот со шешир и очила за сонце, кои не ги симнувал ниту во авионот, пишува „Политика“.

Во моментот кога македонската потерница стапила во сила, а тоа било некаде околу 10 часот претпладне, Груевски веќе бил во Будимпешта од каде им испратил порака на властите во Скопје дека ги надмудрил, но дека ја сака Македонија и дека секогаш ќе биде со неа. Секако, ја сака и слободата, но сопствената, наведува српскиот весник.

Властите во Скопје реагираа со моментно апсење на соработници на Никола Груевски и останува да се истражи кој сѐ му помогнал на поранешниот премиер да побегне од Македонија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток