Свет

Малезија го врати отпадот: Ние не сме светско ѓубриште

Малезија на богатите земји им врати 150 контејнери со пластичен отпад и порача дека нема да биде „светско ѓубриште“.

Откако Кина престана да увезува отпад во 2018 година, овој регион е преплавен со пластика од поразвиените економии како САД и Велика Британија, пренесува АФП.

Владите низ целиот регион сега ја враќаат нелегално увезената пластика, а министерката за животна средина Јео Би Јин изјави дека Малезија вратила 150 контејнери што пренесувале 3.737 тони отпад во различни земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија и САД.

Земјите што го праќале отпадот морале да ги покријат трошоците за враќање на контејнерите.

фото:Архива

На почеток