Македонија

Стоилковски: Се полни администрацијата пред избори, оглас и во Царина

Пред избори, пред распуштање на парламентот, СДСМ и Зоран Заев во паника распишуваат огласи за вработувања во администрацијата во изборни цели. Ја нарекуваа трома администрација, а сега ја полнат и ја партизираат без срам, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема јавна институција каде одеднаш не се распишуваат огласи за десетици, па и за стотици вработувања.

Сега „Царина“ распишува оглас за 31 вработување. Внимавајте, на определено време, како е наведено, „заради зголемен обем на работа до крајот на годината“.

Од нив еден е за во кабинетот на директорот, неколкумина се самостојни советници, аналитичари, па административен оператор- книговодител, неколкумина наплатувачи на гранични премини. Сите на определено време.

Ова е класичен пример за играње со основното човечко право и потреба, правото и потребата за работа. Ова е класичен обид за злоупотреба на надежта за постојано вработување, но само и само  доколку  се покаже определено, за СДСМ и за Зоран Заев, посакувано однесување на изборите.

Ова е класичен пример за предизборен поткуп. Ваквото однесување не е ново за СДСМ, предизборен поткуп за СДСМ до сега минуваше неказниво и без поднесување на одговорност. Но, одговорност ќе има.

СДСМ и Зоран Заев се виновни за сите порази, за сите измами и криминали.

На 12ти април следува одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

&

На почеток