Македонија

Груевски од Црна Гора продолжил во Србија

Патешествието на Груевски низ Црна Гора наликувало на шпионски филм. Го чекале разни унгарски дипломати, се менувале возила, а примопредавањето се одвивало во мотел. ДВ дознава дека Груевски сепак минал низ Србија

Македонската лична карта и унгарското дипломатско возило му овозможиле на поранешниот премиер Никола Груевски удобна прошетка низ три балкански држави до пристигнувањето до крајната дестинација- Унгарија. Притоа, она што се случувало од моментот кога Груевски влегол во Црна Гора, па до влезот во Србија повеќе наликува на некој шпионски филм, одошто на реална приказна.

Извори во полицијата во Црна Гора, кои побараа анонимност, за ДВ потврдија дека Груевски својот пат од таа земја го продолжил кон соседна Србија.

Претходно, во официјалното соопштение на црногорската полиција беше наведено дека експремиерот влегол во земјата на 11 ноември со автомобил преку граничниот премин Божај. Влегол со лична карта, а излегол истиот ден со истиот автомобил во правец на Србија.

Според сознанијата на Дојче веле, вака изгледало патешествието на Груевски низ Црна Гора:

– Во 19:10 часот влегол во земјата преку преминот Божај. Таму го пречекале двајца службеници на унгарската амбасада во Подгорица.

– Со возило Фолксваген Џета бил пренесен во Подгорица. Таму веќе го чекал заменикот- амбасадор и заедно со уште едно лице влегле во друго возило и се упатиле кон граничниот премин Добраково.

– Таму пристигнале околу 22 часот. Влегле во Србија и таму им го предале Груевски на други унгарски дипломати кои за таа цел пристигнале од Белград. Средбата со дипломатите од белградската амбасада и размената на бегалецот се случила во мотелот Лукс пред влезот во Пријепоље.

И во Србија, како и во Црна Гора, Груевски влегол со лична карта затоа што во тој момент по него се уште немаше распишано меѓународна потерница од македонското МВР.

Извор: DW

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток