Скопје

Република: Шилегов – Би бил нобеловец кога во јуни ќе знам каков снег ќе имаме во 2021 година!

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов склучил договор со фирмата за чистење на снег, без разлика колку ќе падне и дали ќе има. Според овој договор Град Скопје се обврзува да и исплати еден милион евра .

Договорот е за период од 15 ноември до 15 март за оваа и наредната зима. Вкупната сума за исплата е 64.900.000,00 денари.

Република. мк објави дека во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, а сè над тоа се плаќа дополнително, со што сумата може да расте и неколкукратно.

фото: Република.мк

извор: Република.мк

На почеток