Македонија

МНР: Заради брзото ширење на вирусот, Министерството препорачува воздржување од патувања во Кина

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги предупредува граѓаните кои патуваат во НР Кина на опасноста од коронавирусот, со потекло од градот Вухан, во провинцијата Хубеи.

„Заради брзото ширење на вирусот, Министерството препорачува воздржување од патувања во градот Вухан и во поширокиот регион, имајќи ги предвид  и превентивните мерки што ги преземаат кинеските власти, со ограничување на движењето и затворање на железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт“, соопшти МНР.

Македонските граѓани за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или на меил be*****@mf*.mk.

фото: Архива

На почеток