Македонија

Османи го испофали Ахмети: Тој е донесен од историјата, авторитет кој има што да придонесе за општеството

Вицепремиерот Бујар Османи во “Само вистина” се претстави како близок човек на Али Ахмети, посочувајќи дека претседателот на ДУИ, го донела историјата како авторитет и сега треба да се искористи на политичката сцена.

“Али Ахмети не е класичен претседател. Ахмети е лидер кој излегол на сцената од специфични околности. Тој не е избран на некакви конгреси и партиски настани. Него го донела историјата и таквите луѓе треба да се искористат додека имаат здравје и можност да придонесат, а Али има уште многу да придонесе за ова општество и оваа држава. Ахмети е авторитетот кој не сплотува во една идеја која тој ја претставува во еден негов работен век, но ДУИ е сериозна организација”, рече Бурјар Османи.

Османи говореше и за неговата професија, но и задачите во Владата.

“Хирурхијата е моја професија, таму се обидувам да дежам континуитет за одржување на вештините, но пред се фокусиран сум на ЕУ и координирањето на проектите од ИПА, бидејќи тоа се неповратни средства, а ако не ги потрошите, ќе треба да ги вратите”, рече Ахмети

На почеток