Македонија

(ВИДЕО) Алга ќе го „јаде“сметот на Буково, со што ќе се намалува нивото

Проблемот со Регионалната депонија, никако да се реши. Се бара локација, инвеститори… но никако да се  поклопат коцките и да се реши овој горлив проблем.

Во меѓувреме ЈП Охридски Комуналец, мака мачи со сметот кој секојдневно се собира. Истиот се одлага на Буково но, просторот веќе е премал, не е еколошки, а во лето често има проблем и со пожари.

Буково како депонија одамна си го има отслужено своето, затоа што нема капацитет да го собира отпадот.  Директорот на ЈП Охридски Комуналец, Љупчо Грданоски вели дека депонијата претставува и голем трошок за одржување.

ЈП „Охридски комуналец“ имаше објавено тендрер за набавка на алга по препорака на инспекторатот за животна средина, која алга го намалува нивото на отпад и прави заштита од пожари. Постапката е при крај и за неколку денови ќе ја нарачаме таа алга од фирмата која го доби тендерот, меѓутоа сепак единствен спас од депонијата е изградба на регионална“, вели Грдановски за Охрид 1.

Фото: Архива

На почеток