Македонија

Ла верита со нови документи, овој пат за купопродажба на гласови во Македонија

Ова е новиот скандал во кој е замешан Зоран Заев, омилениот премиер на ЕУ, пишува Ларис Кајсер во денешниот број на италијанскиот весник Ла верита. Тој објавува нови документи за тоа како Зоран и Вице Заев поткупувале гласачи во Струмица за време на изборите во 2014 година, за што имало отворено случај кој никогаш не добил судски епилог. Имало ли договор меѓу Груевски, Заев и Могерини, објави МКД.МК.

За овој случај се водела некаква истрага во обвинителството во Скопје. Имало сериозни сомневања за тоа дека Заев бил дел од мрежа за изборни нерегуларности. Кајсер тврди дека за ова поседува материјали прибавени од примена на посебни истражни мерки, а доказите ги поседува и обвинителката Вилма Русковска.

Авторот на овој текст пишува дека по месеци работа и прегледување на стотици документи, проверувајќи ја автентичноста на фактите и осигурувајќи ја максималната сигурност на изворите, можеда продолжиме со објавување во три дела  документи во рацете на македонското обвинитлество што инсинуираат дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од страна на Заев.

Текстот во целост на: МКД.МК

фото: Ла ВЕРИТА

На почеток