Скопје

Скопје почна да ги применува измените на законот за превоз со еколошки такси возила

Градот Скопје информира дека со измената и дополна на Законот за превоз овозможено е изводите од лиценца за возила за авто-такси превоз кои се еколошки такси возила со ниска емисија на штетни издувни гасови (хибридни возила со комбиниран моторен и електричен погон, возила со погон на природен гас-ЦНГ и возила на електричен погон) да не се ограничени, односно да може барателот кој врши авто-такси дејност да може да поднесе барање за повеќе од 10 изводи, но најмногу 5% од вкупниот број на изводи од лиценца за авто-такси дејност утврден со Одлука за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје или максимум 135 изводи од лиценца по барател.

Пред оваа измена и дополна на Законот за превоз, распределбата на слободните изводи од лиценци за сите видови возила беше ограничена на максимален број од 3 изводи од лиценца за возило месечно, а 10 изводи годишно по вршител на авто-такси превоз.

Согласно со членот 55-а од Законот за превоз во патниот сообраќај (“Службен весник на Р.С.М.“ бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16, 71/16, 140/18, 163/18 и 275/19), Советот на Град Скопје со акт ги утврдува условите во врска со вршењето на авто-такси превозот на патници, а се однесува на промена на начинот на издавање на изводи од лиценци за еколошки такси возила со ниска емисија на штетни издувни гасови (хибридни возила со комбиниран моторен и електричен погон, возила со погон на природен гас-ЦНГ и возила на електричен погон).

На почеток