Актуелно

(ВИДЕО) Помпео се разлутил, прекинал интервју и навредувал новинарка

Американскиот државен секретар Мајк Помпео викал, и користел навреди, на новинарката Мери Луиз Кели по интервјуто што го прекинал незадоволен од поставувањето прашања за Украина, објави Нешнел Публик Радио (НПР).

Интервјуто било договорено и спроведено во Стејт департментот.

Помпео одбил да одговори на повторените прашања во врска со Украина и американскиот амбасадор во Киев, изјавувајќи дека се согласил на интервју за политиката на администрацијата за Иран. Новинарката тврди дека било договорено со неговите соработници и Украина да биде една од темите.

Во изјавата на НПР се вели дека „веднаш по прашањето за Украина, интервјуто завршило“.

Помпео станал и погледнал во Кели неколку секунди, а потоа ја напуштил собата. Неговиот соработник побарал од Кели да го придружува Помпео во неговите канцеларии во Стејт департментот, без диктафон, се вели во соопштението на НПР.

фото: ATV

 

На почеток