Свет

Бројот на починати од коронавирусот расте, вонредна состојба во Хонг Конг

Бројот на починати од коронавирусот се искачи на 41, а бројот на регистрирани случаи од Кина се прошири во 11 други земји. Сите 41 смртни случаи се во Кина, од кои 39 во провинцијата Хубеј, која е извор на заразарата.

Главниот администратор на Хонг Конг, Кери Лам, денеска објави вонредна состојба и мерки за ограничување на врските на градот со континентална Кина поради новиот коронавирус.

Училиштата, кои сега се на одмор за Лунарната нова година, ќе останат затворени до 17 февруари. Летовите до и од Вухан, каде започна инфекцијата, ќе бидат стопирани, како и движењето на брзите возови.

Кинескиот град Вухан, кој се наоѓа во изолација поради избивањето на корона вирусот, ќе изгради втора наменска болница за лечење на пациенти од оваа зараза, објави весникот „Чајна дејли“.

Изградбата на болницата со 1.300 кревети би требало, според плановите, да биде завршена за половина месец, јави „Ројтерс“.

Веќе е почната изградбата на првата наменска болница, која се очекува да биде завршена до понеделник.

фото: Telegraf

 

To Top