Македонија

Заев по текстот во Ла Верита: Тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше

По пишувањето на италијанскиот весник Ла верита за учество во изборни нерегуларности во 2014 година, Зоран Заев вели:

-Ако имале какви било докази верувајте 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беа, исто така, прислушувањето и слично, овде немаа ништо, беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат било што, било каков наратив да поднесат дури обвинение, изјави Заев.

фото: Архива

 

На почеток