Свет

Авион принудно слета во Дубровник, патник починал од срцев удар

Патнички авион кој сообраќал од германскиот град Дизелдорф со крајна дестинација во Марса Алам во Египет, принудно слета во Дубровник поради тоа што еден од патниците претрпел срцев удар, и починал во авионот, јавуваат дел од хрватските медиуми.

Информацијата за итното слетување на авионот ја потврдил директорот на аеродромот во Дубровник, Франо Луетиќ.

По принудното слетување, по патниците дошол друг авион за да ги одведе во Египет.

фото:

На почеток