Свет

Турција не престанува да се треси, предмалку нов земјотрес од 5.1 степен

Земјотрес со јачина од 5.1 степен според Рихтерова скала ја погоди провинцијата Елазиг во источниот дел на Труција во 19:30 часот по локално време, соопшти Турската агенција за катастрофи. Според првичните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу седум километри.

пицентарот на овој најголем земјотрес денеска се наоѓа на 4 километри од Донагиол и 40 километри од областа Елазиг.

Ова е втор земјотрес за помалку од 24 часа во Турција, откако вчера земјотрес со јачина од 6.9 степени по Рихтерова скала исто така ја погоди оваа провинција.

Инаку спасувачките тимови сеуште ја пребаруваат областа во која загинаа 29 луѓе. Се расчистува теренот, но се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми.

 

На почеток