Свет

Смртоносниот коронавирус излегол од тајната лабораторија за биолошко оружје?

Постојат сомневања дека смртоносниот вирус излегол од тајната лабораторија за биолошко оружје, која се наоѓа во градот Вухан, од каде се прошири вирусното заболување, пишува Блиц.бг.

Како што пишува бугарскиот портал, Кина ја отворила оваа лабораторија во јануари 2018 година за биосигурност на Вухан. Лабораторијата е изградена за да ги испита опасните патогени микроорганизми, како што е сега раширениот коронавирус, за истражување и пронаоѓање на лек за нив – дел од долгорочното планирање по епидемијата на САРС 2002-03 година во Кина, кога починаа над 700 луѓе.

Кина ja изгради лабораторијата во Вухан за да ги проучи САРС и еболата, а американските експерти за биосигурност уште тогаш предупредуваа дека вирусот може да „избега“ од објектот што стана клучен во борбата против епидемијата, објави „Дејли мејл“.

фото: Архива

 

На почеток