Македонија

Ќе биде ли недела неработен ден за сите?

Владата планира недела да биде прогласен за неработен ден за сите, а работниците да се плаќаат по час. Токму работењето прекувремени саати, работа на празници и во недела, се забелешките кои работниците ги изнесувале како проблеми со кои се соочуваат на средбите со претставници од Министерството за труд и социјална политика. Ваквите барања доаѓаат од работниците кои имаат најниски плати во земјава како што се текстилните работници, вработените во супермаркети, трговски центри и градежни работници, Објави „Сакам да кажам.мк.

Во Министерството за труд и социјална политика се размислува да се донесе ново законско решение со кое ќе бидат решени овие прашања. Токму тоа вчера го навести вицепремиерката за економски прашања, а поранешна министерка за труд и социјална политика Мила Царовска, на дебата на СДСМ во Штип.

„Недела неработен ден и плаќање по час се новите предизвици на коишто треба да работиме идниот период. За ова ќе мора да дебатираме со бизнис секторот и со синдикатите. Сите заеднички да ја донесеме одлуката што ќе биде најдобра за сите“, рече Царовска.

фото: Архива

На почеток