Македонија

Левица: Владата нема волја да се справи со индустриските објекти кои се најголеми загадувачи

Членовите на политичката партија Левица индивидуално ќе присуствувата на утрешниот протест против загадениот воздух, водејќи се од премисата дека правото на здрава животна средина е секогаш приоритет над правото на профит.

„Со последните популистички мерки на Владата за еколошки налепници на возилата и намалување на буџетот за справување со енормното загадување, јасно е дека оваа влада нема политичка волја да се справи со големите индустриски објекти како најголеми загадувачи, туку е спремна единствено да удри по џебот на граѓаните.

Додека големите бизниси профитираат од неказнетото работење без еколошки стандарди, секој четврти смртен случај во Скопје е од загаден воздух. ПРАВОТО НА ЖИВОТ Е НАД ПРАВОТО НА ПРОФИТ!“, стои во објавата на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток