Коментари

(ФОТО) Пратеникот Милошоски покажа фотографија од бебето од ултразвук

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски (44) и неговата неколку години помлада сопруга Симона, наскоро очекуваат уште една принова во семејството.

Антонијо и Симона имаат четири деца ќерките Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12). Неофицијално сега ќе добијат братче.

Пратеникот на социјалната мрежа фејсбук објави една семејна фотографија и една од своето не неродено детенце, и напиша:

„Оваа фотографија е мојот среќен 44ти роденден!
Ви благодарам на сите убави желби, и ви пожелувам многу здравје и добри вести“,напиша Милошоски.

 

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3184988114863779&set=pcb.3184988164863774&type=3&theater

фото: ФБ Антонијо Милошоски

На почеток