Магазин

(ВИДЕО) Самир Љума: Ние сме од Македонија, земјата домаќин на најстариот фестивал за кинеметографија „Браќа Манаки“

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34-то доделување на ASC (The American Society of Cinematographers) наградите.

„Многу е чудно да бидеш дел од оваа свеченост. Ова е прв пат некој од Македонија да биде дел од оваа церемонија за доделување на најпрестижните награди“. Чест ни е што ни се случува нам, на самата кинематографија, рече Фејми Даут.

Самир Љума примајќи ја наградата меѓу другото истакна:

Да се биде овде, со најдобрите од најдобрите. Каква чест ви благодариме. Ние сме од Македонија, земјата домаќин на настариот фестивал за кинеметографија „Браќа Манаки“. Оваа година ќе биде 42 издание…“истакна Самир Љума.

На почеток