Македонија

Битолчанец удрил во пешаци

Вчера околу 20,50 часот во Битола на крстосницата од улица „Партизанска“ и крак од улица „Партизанска“ Н П.(35) од село Новаци управувајќи патничко моторно возило „Опел Корса“ со битолски регистарски ознаки удрил во пешаците Т.М.(73) и К.М.(71) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.М. и К.М.  На повредените им била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, по што се задржани на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток