Магазин

Денеска е магичен ден, слична ситуација ќе се случи дури за 101 година

Денешниот ден е посебен за целата планета. 02 февруари 2020 год е датум кој идентично се чита и од лево надесно и обратно. Пробајте. 02.02.2020…

Она што е посебно значајно е тоа што последен пат ваква ситуација сме имале пред повеќе од 900 години. Тоа било на 11 ноември 111 година, пишува Bild.de.

Следен пак ваков датум доаѓа за 101 година – 12 декември 2121 година , наредниот за 909 години на 03 март 3030 год ….

Овој број во светот уште од 17 век е познат како палиндром, иако корените му се врзуваат за античка Грција.  Тоа значи дека означува поими кои и однапред и одназад како и да ги читаш не им се менува значењето. Таков збор пример е „Мадам“.

Ова е магичен број во нумерологијата и астрологијата.

Покрај тоа што 2 февруари 2020 год атролозите го прогласија за датум за склопување брак, нумеролозите предупредуваат дека специфичниот низ на бројки може да донесат прусуден момент на нашите животи и да ни донесат големи промени.

Овој ден е посебно важен за жените затоа што се исполнети со Јупитерова енергија, па тие ќе имаа поддршка за да создадат вистински чуда.

– Ова е одличен ден да си ги остварите вашите желби. Треба само да замислите дека вашата цел е остварена затоа што визуелизацијата има посебна моќ на овој датум.

– 2 февруари е одличен ден да им простите на сите кои ве имаат повредени. Време е на тој начин да се ослободите од токсичните луѓе и емоции кои долго ве мачат.

– Покрај простувањето, на овој ден треба да се ослободите од сите негативни мисли и да бидете подготвени да и вие од некого побарате прошка.

– Ослободете се од завист, љубомора, помагајте им на другите и правите добри дела.

фото: Mimikama

 

На почеток