пет. Апр 3rd, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ВИДЕО: За Трипуновски несериозно е прашањето дали блискоста со Груевски и Мицкоски е клучна за министерската фотелја

Заменик-министерот Цветан Трипуновски во интервју за „А1он“ објаснува дека не згрешил ниту, пак, некој од неговата партија го искарал по посетата на Берово кога јавноста протолкува дека тој се однесува како шериф. Трипуновски не сакаше да коментира за блискоста со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а за Груевски рече дека е минато.

„Мислам дека прашањето е несериозно и секој одговор би бил несериозен. Јас сум во раководството затоа што имам чесна намера да му помогнам на овој македонски народ. Нема село во кое не плачат. Експретседателот Никола Грувски е веќе минато, имаме нов претседател на партијата, кој е чесен, посветен и со искрена желба да му помогне на овој македонски народ. Воопшто не играло улога“, рече Трипуновски запрашан дали е избран да биде дел од техничката Влада поради блискоста со Груевски и Мицкоски.

Целиот текст прочитајте го на А1он.мк

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ:

ВИДЕО: А1он.мк / ФОТО: Принтскрин / А1он.мк