Магазин

ВИДЕО: Баталете оскаровски прогнози, Атиџе веќе кажа што нè чека вечерва..

Еуфоријата наречена „Медена земја“ добива кулминација. Вечерва сите со нетрпение очекуваме да видиме дали на 92те филмски награди Оскар во Лос Анџелес, Медена земја ќе освои Оскар.

Филмот кој ја внесе Македонија во филмската историја на Оскарите, со две номинации за Оскар, е прв документарен филм кој истовремено е номиниран и за најдобар странски игран филм.

Приказната за последната жена одгледувачка на диви пчели, главниот протагонст на филмот, ја разбранува јавноста и поттикна низа на дебати и разговори околу пораката која таа ја испрати низ светот. Од мирниот и тивок живот во Бекирлија, Атиџе денес е во Холивуд.

Атиџе пак е оптимист од почетокот. Таа иако никогаш во животот не ни гледала Оскар, сепак зво интервју за А1 Он рече:

  • Ќе добиеме Оскар и тогаш ќе бидеме весели….

 

Погледнете ја позитивната Атиџе и стегајте палци вечерва….          Им посакуваме најмногу среќа

https://www.facebook.com/landovk/videos/2619414048169009/

На почеток