Магазин

„Медена земја“ не доби Оскар, на годинешната манифестација доминираше корејскиот „Паразит“

Оскарот за Најдобар филм на 92. доделување на наградите на Американската академија за филмска уметност и наука во Театарот Долби во Лос Анџелес го доби јужнокорејскиот филм „Parasite“. Филмот раскажува приказна за сиромашно семејство кое со измами успева да се вовлече во домот на своите богати сограѓани, односно, за класните разлики во јужнокорејското општество.

Оскарот за најдобор краток филм отиде кај „Прозерецот на соседот“, за најдобар дизајн и костимографија добија филмовите „Беше еднаш во Холивид“ и „Малечки жени“. Најдобра филмска редакција е доделена за „Форд против Ферари“.

Три оскари  доби воената драма „1917“и тоа за најдобри звук, кинематографија и визуални ефекти.

Оскарот за најдобра музичка тема го доби Хилдер Гуднатдотир, за филмот „Џокер“, додека наградата за најдобра песна ја доби Елтон Џон за изведба во филмот „Рокетмен“.

Најпосакуваната статуетка за најдобра машка главна улога замина во рацете на Хаоким Феникс за брилијатното остварување во „Џокер“, додека  во женска наградата  ја освои Рене Зелвегер за „Џуди“.

Популарниот Бред Пит доби оскар за најдобра машка споредна улога. Наградата за најдобра споредна женска улога отиде кај Лора Дерн.

Детскиот „Приказана за играчки 4“ доби Оскар за најдобар анимиран филм, додека за најдобар краток анимиран филм наградата ја доби „Влакнеста љубов“.

Оскар за најдобро сценарио отиде кај Бонг Џун Хо, за јужнокорејскиот филм „Паразит“, додека за најдбро адаптирано сценарио  оскарот отиде кај Таика Ваитити за филмот „Џо-Џо зајакот“.

Оскарот за најдобар документарен филм го доби „Американска фабрика“.

Наградата за најдобра шминка и фризура му припадна кај филмог „Бомба“.

фото: ФБ

 

На почеток