Некатегоризирани

Стоилковски: Државната ревизија ја разобличи црната кампања на СДСМ

Прес конференција на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

Не запира производството и пропагандата со лажни вести од СДСМ, но не запира ниту вистината за нивните лаги со кои го трујат општеството. Според наодите на овластениот државен ревизор, по извршената ревизија на финансискиот извештај за изборната кампања за претседателските избори на кандидатот Гордана Сиљаноска Давкова цитирам:

„Активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во Вкупниот финансиски извештај… во сите материјални аспекти, се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики“.

Извештајот на овластениот државен ревизор, ги демаскира изнесените лаги од бункерот на СДСМ континуирано пуштани со една единствена цел: ширење на лажни вести и оцрнување на опозицијата кај граѓаните.

Со ова се разобличени лагите на СДСМ за незаконско финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот Гордана Сиљаноска Давкова и постоење на незаконски долг од 400.000 евра.

Со ова се демаскира лажната кампања на СДСМ за поврзување на ВМРО-ДПМНЕ со незаконско работење и уште повеќе, со поврзување на опозицијата со актуелниот рекетарско мафијашки скандал што ја тресе спрегата меѓу обвинителството- судството и криминалниот октопод на СДСМ!

Почитувани, би побарале, но знаеме дека никој во СДСМ нема доблест, да се извини и за оваа лага и кампања за ширење на лажни вести, да се извини и до ВМРО-ДПМНЕ, до генералниот секретар и кандидатот за претседател, но и да се извини до граѓаните за континуирано ширење на лаги и конструкции со кои намерно ги нарушуваат угледот и честа на политичките неистомисленици.

Немаат доблест, немаат чесност, немаат образ. И затоа на 12 април ќе понесат одговорност прво пред граѓаните, а потоа и низ институциите. Заев и СДСМ се виновни за сите порази, за сите криминали за сите измами,  Заев и СДСМ никогаш повеќе, истакна Стоилковски.

На почеток