Свет

(ФОТО) Турција ја формираше првата женска група командоси на жандармеријата

Турција има жени комадоси. Подофицерките, кои ја сочинуваат групата на жандармериски командоси, ги поминаа тешките психофизички тренинзи во рамките на кои минаа повеќе од два месеца под отворено небо.

Тие поминаа тешка обука во Командното училиште и тренинг-центарот за жандармериски командоси во измирскиот дистрикт Фоча, јавува Агенција Анадолија (AA).

Вкупно 20 жени доброволци ја завршија 20-неделната обука што ја започнаа во септември минатата година.

Обуката вклучуваше и теоретски часови и тренинзи од полето на првата помош, читање карти, антитерористички акции, неутрализирање минско-експлозивни направи и други вештини потребни за извршување на жандармериските задачи.

Подофицерите се стекнаа со потребното знаење и вештини за извршување на задачите во мирнодопски и воени услови, како и во сите екстремни околности.

„Не сме обучувани само да ја добиеме титулата командоси, туку да бидеме подготвени во секој час да ја извршуваме секоја доверена задача“, порача жениет командоси од Турција.

фото: Anadolu Agency

 

На почеток