Коментари

Јоци: Џабе Рашелија и вмројна се возат на ,,антисемитизам” – Нема такво нешто.

„Џабе Рашелија и вмројна се возат на ,,антисемитизам”. Нема такво нешто. Македонија не е таква земја“, напиша на својот ФБ профил Новинарката Јорданка Ивановска- Јоци.

Јоци во постот уште пишува:

„Историјата вели дека скопјани им подаваа леб и вода преку ограда, на нашите сограѓани кога бугарски фашисти ги затворија со денови во ,,Монопол” во К.Вода, ги изгладнуваа, истоштуваа, меѓу тие луѓе кои им помагаа и мојата баба. Никој не знаеше што се случува, дека ќе ги носат во Треблинка. Многу скопјани сокрија еврејски деца и ги спасија.
Историја е тоа, факти, неизбришливи.

Срамота е бе, луѓе, ние сме мирен народ, солидарен. Сите тоа го знаат. До каде ќе одите?
Нема да добиете на избори!
Ќе се распаднете“, напиша Јоци на ФБ.

https://www.facebook.com/joci.jocik/posts/10221224779348973

фото: ФБ

На почеток