вто. Фев 18th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Поминаа измените на Изборниот законик, Дебар и Маврово – Росуше од шестата изборна се селат во петтата

Собранието утрово ги изгласа измените на Изборниот законик. Со 75 гласа „за“ пратениците го изгласаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и Предлог законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.

Конкретно се промени бројот на гласачите во две изборни единици.  Со измените општините Дебар и Маврово-Ростуше се селат од шестата во петтата изборна единица.

Ова беше направено по барање на ДУИ. Калкуллациите говорат дека на овој начин тие ќе добијат повеќе пратеници на изборите кои треба да се одржат на 12 април.

Седницата за распуштање на Собранието е најавена за недела на пладне, а претходно се очекува да бидат изгласани Предлог-законот за ЈО и за Советот на јавните обвинители.

фото: Архива