Македонија

„Македонија Пат“ и годинава зимата ја почна со блокирани патишта

МАКЕДОНИЈА ПАТ на среде есен и при првиот помал снег кој падна ја остав идржавата со блокирани патишта.

Така сообраќајот во моментов е во прекин на патниот правец од Охрид кон Битола, а колони возила стојат и едвај се движат и на патот од Кичево за Гостивар кај превојот Стража каде снегот не е исчистен.

Отежнато е движењето и на патот кој ги поврзува Македонски Брод и Прилеп, а снегот не е исчистен ни на Плетвар.

Ваквите сцени, кои неретко се претвораа и во драми на патиштата кога се загрозуваа и човечки животи станаа редовна појава последните пет години.

Погледнете како изгледа патот од Кичево до Гостивар снимен околу 16 часот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток