Магазин

(ВИДЕО) Нуркачите од „Акватек“ снимија живеалишта од ракови на 10 метри, ракот очекува и подмладок

Познатиот охридски нуркач Никола Паскали ни пренесува убаво видео кое ги израдува охриѓани. Тој нуркајќи наишол на живеалишта од ракови кој се смета за загрозен вид, на 10 метри. Тоа е најдобар доказ дека водата во Охридското Езеро е сè почиста, затоа што ракот опстојува во бистра вода.

„Зимско февруарско нуркање. Наидовме на живеалишта од ракови на 10 метри, може да се види на видеото дека ракот има многу јајца, тоа е прекрасно. Ракот се смета за загрозен вид во Охридско Езеро, но еве се размножуваат, треба да ги чуваме. Локацијата е на потегот Потпеш/Канео на 600 метри од брегот на 10 метри. Темп. 07 степени“, вели Паскали.

Паскали, е член на нуркачкиот центар „Акватек”, тие се познати и по тоа што редовно го чистат Езерот од кабаст отпад кој несовесните граѓани го фрлаат во Езерото.

видео: Никола Паскали

На почеток