Македонија

МВР ги откри критериумите за тоа кој ќе може да добие пасош

Министерството за внатрешни работи ќе издава пасоши во редовна постапка само за граѓани на кои им е неопходен, односно критериумите за приоритет во наредниот период ќе бидат неодложно лекуваат во странство, бизнис-активности, на работници кои работат во странство, за професорите и експертите кои треба да учествуваат  на меѓународни конгреси, студенти во странство и слично, објави Фактор.мк.М

Ова  е одлучено на синоќешниот состанок во МВР бидејќи во моментов има петнаесетината илјади баратели, а на располагање има само четири илјади обрасци за пасоши.

извор Фактор.мк

 

 

На почеток