Македонија

Поништени решенија и наредби во МВР

Владата денеска донесе одлука за поништување на решенијата за распоредување на работно место и наредби за извршување работи и задачи донесени од министерот за внатрешни работи и тоа решението од 14.02.2020 година со кое Ивана Китановска се распоредува на работно место соработник систем специјалист во Одделение за заеднички работи во РЦ за ГР Исток во БЈБ, потоа решението од 14.02.2020 година со кое Виолета Веселиновска се распоредува на работно место виш инспектор за гранични проверки во РЦ за ГР Исток во БЈБ и решението од 06.02.2020 година со кое Aлександар Матовски се распоредува на работно место полицаец во ПС од ОН Тетово, СВР Tетово во БЈБ.

Со одлука на Владата денеска се поништени и наредбата од 17.02.2020 година со која Вице Столески се задолжува да извршува работи и задачи од работното место Началник на Одделение за информациска безбедност, Сектор за безбедност на информации, Оддел за односи со јавност и стратешки прашања, во Организациони единици за потребите на Министерството, како и наредбата од 17.02.2020 година со која Зоран Јанаќијев се задолжува да извршува работи и задачи од работно место Командант на Единица за брзо распоредување во Одделот за специјални полициски операции во БЈБ.

фото: Влада

 

 

На почеток