Македонија

Манчевски за Канал5 ТВ: Нема ништо незаконито во вработувањата на Централниот регистер,се работи за различно толкување на законите

Се работи за различно толкување на законите, во однос на тоа зошто Централниот регистар вработувал по Законот за работни односи,а не по Законот за административни службеници.-истакна  потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и министер во МИОА во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.
Тој посочи дека Централниот регистар не само сега ,туку  на истиот начин вработува со години, со оглед на тоа дека се работи за самостоен орган кој е и самофинансирачки
и како таков не е  во опфатот на вработувања наменети за административни службеници.
Тука нема ништо незаконито, туку едноставно различно толкување на законите, истакна Манчевски.

фото: Архива

На почеток