Свет

(ВИДЕО) Еве како Борисов ги „казнува“ непослушните функционери – како гласник ќе одиш и по три пати да викаш – Нема да има патарини!

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денешната средба со министрите ја започна нервозно и луто. Тој веднаш штом започна состанокот кажа дека дознал дека жители на населени места во близина на Софија решиле да излезат на протест, откако разбрале дека треба да плаќаат патарина за да можат да одат на работа по обиколницата околу градот.

-Каде е шефот на Агенцијата за патишта? Зошто ми правите така? Нели знаете дека бргу ќе се расправам со вас? Како може да ми го истерате народот на улица за таква глупост? Ве прашувам, за да знам дали да ве ,,управам” уште денес. Многу бргу да реагирам сега, или после ручек? Тие луѓе гласаа ли за градоначалник на Софија? Гласаа! Какви патарини ќе плаќаат тогаш?– рече Борисов  на средбата.

Тој уште додава:

Сакам сега да одиш кај сите тие луѓе во населените места и како гласник по три пати да викаш – Нема да има патарини!
Викаш по три пати, се извинуваш и се враќаш, а ако веднаш не направите така, ќе зажалите, рече Борисов.

 

https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2679683638926356/

фото: Архива

На почеток